Top Sport

Вилијан: Меси? Роналдо? Не, Роналдињо е најдобриот на сите времиња

Kрилото на Челси, Вилијан, смета дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо едноставно не смеат да се нарекуваат најдобри фудбалери во историјата, бидејќи тоа е чест која му припаѓа само на неговиот бразилски сонародник Роналдињо.

Меси и Роналдо имаат по пет освоени титули „Златна топка“, и безброј клупски и индивидуални достигнувања, но Вилијан смета дека Роналдињо едноставно направил повеќе од сите нив.

„Роналдињо беше убедливо најдобриот на сите времиња. Подобар од Меси и Кристијано. Тие постигнуваат голови, но тоа што го правеше Рони беше неверојатно. Тој беше фантастичен на теренот и даваше многу голови. Како голем негов фан, ќе признаам дека си замина предвреме. Да останеше на теренот подолго ќе имаше многу повеќе награди“, вели Вилијан.

Scroll to Top