Луис Суарез формираше фантастично партнерство на и надвор од фудбалските терени со Лионел Меси и вели дека на сите им е јасно дека Аргентинецот е најдобриот фудбалер на светот и го докажува тоа секојдневно.
Уругваецот минатиот месец прослави петгодишнина од престојот на „Ноу Камп“, каде што посебно се спријатели со Меси и оваа сезона повторно се во топ-форма со 14 голови во Ла лига. Дебатата околу тоа кој е најдобриот, според Суарез е беспотребна.
„Меси ми помогна многу во мојот личен развој. Веднаш се најдовме. Од таа соработка се јави пријателство и моментите кои ги поминав со него ми помогнаа на теренот. Сите знаат дека е најдобар на светот, иако не го кажуваат тоа. Тој го докажа тоа на теренот и го докажува секој ден“, вели Суарез.