Top Sport

Ван Дајк не „паѓа“ на финти – Ливерпул уште нема титула

Виргил ван Дајк вели дека не смее да си дозволи да размислува дека Ливерпул веќе ја има освоено титулата во Премиер лигата и покрај 3:1 победата над најголемиот ривал, Манчестер сити во неделата по што има 8 поени предност на врвот на табелата.

Ван Дајк вели дека првиот фокус е да помогне Холандија да се квалификува за Евро 2020 со дуелот со Северна Ирска во Белфаст, а потоа ќе се гледа на трката во Премиер лигата и прекинувањето на 30-годишниот „пост“ на „црвените“.

„Нема да кажувам дека изгледа дека ова е година на Ливерпул. Тоа нека го прават медиумите. Ние фудбалерите мораме да се фокусираме само на следниот натпревар. За мене тоа сега е дуелот со Северна Ирска. Што ќе се случи со Ливерпул во иднината, ќе видиме, но сезоната е долга“, предупредува Ван Дајк.

Scroll to Top