Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа втората победа во Лигата на шампионите. Во драматична завршница екипата од Битола во последната секунда го победи Савехоф 32:31.
Еурофарм одиграа одлично прво полувреме по кое стекнаа предност од шест гола 18:12. Честите осцилации во второто полувреме во играта на Еурофарм им овозможи Швеѓаните да ја анулираат предноста во самиот финиш на мечот 31:31.
Последниот напад беше среќен за Еурофарм, Радовиќ од тешка позиција постигна гол за конечен триумф 32:21.
Радовиќ, Јотиќ и Остроушко го предводеа Еурофарм Работник со по шест гола. Кај Савехоф се истакна Благојевиќ со девет гола.
Во наредното коло Еурофарм ќе гостува во Финска кај екипата на Кокс.
фото/rkeurofarmrabotnik.com