Top Sport

Ферстапен го освои Бразил, нова катастрофа на Ферари (Видео)

Возачот на Ред Бул Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Бразил, која вечерва се возеше на патеката Интерлагос. Драматичната трка ја обележа инцидентот што се случи помеѓу возачите на Ферари по кој Себастијан Фетел и Шарл Леклер на четири круга до крајот ја завршија трката.

Ред Бул подготвија одлична стратегија која надополнета со одличното возење на Ферстапен му ја донесе победата на младиот Холананец. Прашањето околу победникот Ферстапен го реши во 60 круг кога го помина Луис Хамилтон.

Претходно драма во трката внесе откажувањето на Валтери Ботас поради што на патеката излезе безбедносното возило.

На четири круга до крајот Фетел и Леклер се бореа за четвртото место, возачот од Монте Карло го мина Германецот, а кога Фетел се обиде да ја врати позицијата имаше допир помеѓу нивните болиди.

Леклер остана без десното предно тркало, а на болидот на Фетел експлодираше левиот заден пневматик. Инцидентот само го надополни катастрофалниот викенд за Ферари.

Во последниот круг се случи уште еден инцидент во кој актери беа Луис Хамилтон и Александер Албон. Возачот од Тајланд неја заврши трката.

Второто место зад Ферстапен го освои Пјер Гасли од Торо Росо, а Луис Хамилтон заврши на третата позиција.

Scroll to Top