Инцидентот што го предизвикаа возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, сигурно во наредните години ќе биде еден од лајт-мотивите на Формула 1. Фетел и Лекерл, на трката за Големата награда на Бразил имаа жесток дуел на патеката, а кога Германецот се обиде да го помине колегата се допреа нивните болиди. Леклер остана без еден пневматик, а на Фетел му се дупна гумата.
Шефот на Ферари, Марија Биното. за катастрофата што му се случи на тимот на патеката Интерлагос ги обвини двајцата возачи.
„Имаат дозвола да се борат на патеката, но мора да знаат дека поради тимот не смеат да прават грешки. Имаше мал контакт, ќе мора да го анализираме тоа“, рекол Биното.
„Мислам дека вина има кај двајцата. Жал ми е за тимот. Мислам дека и возачите треба да жалат поради тоа. Ние ја обезбедивме втората позиција кај конструкторите, а тие се бореа за подобар пласман кај возачите“.
Инцидентот што го предизвикаа ќе му овозможи на Макс Ферспапен, победникот во Бразил, да го освои третото место во вкупниот пласман во конкуренција на возачите.
Сезоната во Формула 1 ќе заврши на 1 декември со трката во Абу Даби.