Серхио Агуеро, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, во 2011 година бил пред трансфер во Челси. Трансферот го спречил поранешниот капитен на „сините“ Џон Тери. Тој сметал дека Агуеро не вистинско решение за клубот.
„Марка“ открива како и зошто пропаднал договорениот трансфер на Агуеро во Челси. Повикувајќи се на извори во Атлетико, весникот пишува дека летото во 2011 година двете страни си дале збор трансферот да биде реализиран за околу 35 милиони евра.
Во последен момент Челси се повлекле на инсистирање на капитенот Тери. Наводно тој им рекол дека имал два пати можност да игра пртив Аргентинецот во Лигата на шампионите и дека не му се допаднал начинот на кој Агуеро се движел по теренот.
Напаѓачот сепак од Атлетико се пресели во Премиер лигата, во Манчестер сити за сума од 40 милиони евра.
Аргентинецот стекна статус на клупска легенда. Тој е најдобар стрелец во историјата на „граѓаните“ (353 натпревари/244 гола и 71 асистенција). Со Сити освоил четири титули во Премиер лигата и Лига купот и еден во ФА купот.