Фудбалскиот меч помеѓу Волгар Астрахан и Легија Динамо Махачкала во руската втора лига заврши со масовна тепачка. По 1:1 ремито, дуелот на двата тима од Дагестан заврши со тепачка на фудбалерите, стручниот тим и фановите.
Тренерите и резервните фудбалери истрчаа на теренот за да се обидат да спречат поголема тепачка, а според руските медиуми мешаницата се случила поради само една навреда меѓу играчите.
Волгар се први во РПЛ Јужната зона со 47 поени, додека Легија Динамо се 9. со 23 поени.