Top Sport

Емре Џан: Не сум среќен во Јувентус

Емре Џан во слободен трансфер, во 2018 година од Ливерпул пристигна во Јувентус, а во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го напушти Торино. Германскиот репрезентативец признал дека не се среќен во Јувентус.

Џан има договор со Јувентус до јуни 2022 година, меѓутоа тренерот Маурицио Сари не смета сериозно на неговите услуги. Не го пријави за натпреварите во Лигата на шампионите, а досега во сезоната има одиграно само 150 минути.

„јас сум амбициозно момче секогаш сакам успех на врвно ниво. Во овие тешки моменти научив дека работите нема секогаш да се одвиваат според моите планови. Сезонава не започнав ниту еден натпревар и секако дека не сум среќен. Сепак нема да дозволам да ме победат. Работам максимално на секој тренинг и ја чекам шансата. Дали би се вратил во Германија? Во фудбалот се е можно“, рекол Џан.

Scroll to Top