Top Sport

ПСЖ ја следеле следеле ситуацијата со Гризман

Антоан Гризман летово за 120 милиони евра од Атлетико се пресели во Барселона. Најавен како големо засилување Гризман засега е само бледа сенка на играчот што беше главен во Атлетико.

Антоан Гризман неодамна самиот признал дека тешко му оди адаптацијата во новиот клуб. Потенцирал дека му било тешко дека играл на позиција на која што никогаш не играл претходно.

Лошиот почеток на сезонава во новиот клуб ги инспирира шпанските медиуми да започнат со шпекулациите дека Гризман по само една сезона би можел да замине од Барселона.

Наводно, сериозен интерес за него покажувал Пари Сен Жермен. Катарските сопственици неколку години се обидуваат да го донесат Гризман во Париз. Според медиумите тие имале подготвена понуда доколку Гризман решел да замине од „Ноу Камп“.

Во досегашниот дел од сезоната Гризман има постигнато четири гола на 15 одиграни натпревари.

Scroll to Top