Top Sport

Балотели во Сити платил 150.000 фунти, редовно доцнел на тренинзите

Марио Балотели контроверзниот италијански фудбалер дел од својата кариера минал во Манчестер сити кога менаџер бил Роберто Манчини.

Нема тренер кој немал проблеми со Балотели, додека тој беше во Англија. Поради неговата „луда глава“ него го обожуваа англиските таблоиди.

Поранешниот играч на Сити, Мика Ричардс, за Би-би-си открил интересни детали од тој период. Ричардс му бил заменик на капитенот Венсан Компани. Тие двајца ги собирале парите од клупските казни.

„Се беше според распоредот. Добро трениравме, солидно игравме, но Марио секогаш доцнеше на тренинзите. Имавме ценовник според кој се плаќаа казните. На крајот од годината тие пари ги дониравме во добротворни цели. Некаде околу Божик имавме собрано 150.000 фунти. Сите пари беа од казните на Марио“, рекол Ричардс кој за Манчестер сити играл во периодот 2005-2015 година.

Scroll to Top