Реал Мадрид го „збриша“ рускиот Химки со 104:76 за да ја продолжи победничката низа во Евролигата и да го подобри скорот на 6-3. Мечот беше решен уште во првото полувреме, откако шпанскиот клуб имаше 65:42 предност и ништо не се смени во второто, во кое рускиот клуб немаше одговор за играта на „кралевите“.
Ентони Рендалф имаше 19 поени за победниците, а Факундо Кампацо и Валтер Таварес додадоа по 15 поени, додека Крис Крамер беше најефикасен за Химки со 14 поени, а Алексеј Швед и Ентони Гил имаа по 12 поени. И Химки има 6-3 скор.
Анадолу Ефес, пак, го подобри скорот на 7-2 со тешко извојувана 90:84 победа над Асвел Лион, предводени од 17-те поени на Шејн Ларкин и одличаната партија на Василије Мициќ, кој имаше 16 поени, 8 асистенции и 4 скока.
ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО
Жалгирис Каунас – Панатинаикос 85:86 (16:19, 17:22, 20:23, 32:22)
Алба Берлин – Црвена звезда 92:80 (21:15, 25:19, 21:20, 25:26)
Баерн – Олимпијакос 85:82 (23:17, 20:27, 12:19, 30:19)
Асвел Лион – Анадолу Ефес 84:90 (22:25, 23:21, 21:24, 18:20)
Милано – Макаби Тел Авив 92:88 (21:21, 26:21, 24:22, 21:24)
Реал Мадрид – Химки 104:76 (31:25, 34:17, 27:14, 12:20)
Валенсија – Зенит Петерсбург 94:90 (15:16, 18:22, 24:25, 37:27)