Top Sport

Федерер: Имам 38 години, но уште сакам да учам од момците

Додека се Ѓоковиќ и Надал во Мадрид на Дејвис куп финалето, Федерер и Зверев се во Аргентина каде играат егзибициски меч, во арена со 15.500 гледачи.

Прашањата на новинарите пред мечот најчесто беа упатени кон Швајцарецот за тоа до кога планира да се натпреварува.

„Не верував дека ќе играм во овие години. Порано предвидував дека нема шанси да играм на 38 или 39 години, но еве ме, и понатаму сум тука. Среќен сум што и понатаму сум во игра. Имав две одлични години, од физички аспект, морам да сум задоволен. Секоја генерација тенисери носи нешто ново, нешто поврзано со силината на ударите, движењата, тактички елементи. И понатаму имам чувство дека можам да напредувам, секогаш може нешто ново да научам“ вели Федерер.

Третиот светски тенисер во моментов вели дека не знае кога ќе се повлече од активното играње тенис.

„Нема правила. Се однесувате според чувствата, не знам дали тоа ќе го објавам наскоро, подоцна или изненадно, кога ќе одлучам. Се зависи од моето здравје, семејството, помалку и од резултатите“ – заклучи Швајцарецот.

Scroll to Top