Германскиот фудбалски репрезентативец Марио Геце (27) по крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дотмунд, пишува „Спорт Билд“.
Информациите се дека Геце нема да го продолжува договорот со „милионерите“ затоа што вториот престој во екипата од Дортмунд не се покажа како успешен, исто како првиот.
Геце имаше повреди и болести, па се чини затоа не успеа да ги покаже сите свои квалитети.
Светскиот шампион со „Панцирите“ (има одиграно 63 меча за Германија и постигнати 17 гола) не е задоволен и од време што го поминува на теренот. Сепак, информациите се дека има минимални шанси да ја смени одлуката и да остане на „Сигнал Идуна Парк“ но само доколку Борусија „се ослободи“ од тренерот, Лусиен Февр.
Геце го носеше „жолто-црниот“ дрес од 2009 до 2013 година, по што се пресели во редовите на Баерн Минхен. Авантурата кај Баварците му траеше се до 2016 година кога реши да се врати во стариот клуб.