Top Sport

Ѓоковиќ бесен на Канаѓаните за „предадениот“ меч на САД

Српскиот освојувач на 16 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ остро го критикуваше канадскиот Дејвис куп тим за предавањето на мечот во двојки на САД во групната фаза.

Канаѓаните лесно стигнаа до две сингл победи против американските ривали, со што си гарантираа место во плејофот, но потоа се повлекоа од мечот во двојки, подарувајќи 6:0/6:0 победа. Според правилата на Дејвис купот, првопласираните две екипи од шесте групи влегуваат во четврт-финалињата, но се сметаат и освоените сетови и гемови.

„Секако, тоа не ми се допаѓаше и мислам дека не смее да биде дозволено. Сфаќам дека Канада се пласираше, победи во двата меча, но не се прави вака. Можеби некои нивни тенисери сакаат да се се одморат пред четврт-финалето. Мислам дека не е фер САД да добива 6:0/6:0“, вели Ѓоковиќ.

Новоформираниот Дејвис куп, идеја на фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, оваа година се игра со финале во Мадрид каде што учествуваат 18 репрезентации во шест групи – а во наредната фаза одат победниците на групата и двете најдобри второпласирани.

Scroll to Top