Дејвис куп репрезентацијата на Русија се пласираше во полуфиналето од најстарото тениско тимско натпреварување, победувајќи ја Србија предводена од Новак Ѓоковиќ по одлучувачкиот меч во двојки, и сега ќе се борат утре со Канада за пласман во финалето.
Во првиот меч од дуелот, Андреј Рубљев доминираше против Филип Крајиновиќ, победувајќи со 6:1/6:2, но во вториот светскиот рекет број 2, Ѓоковиќ беше исто толку доминантен против 23-годишниот Карен Хачанов со 6:3/6:3 израмнувајќи на 1:1.
Во одлучувачкиот меч во двојки, по драматична борба во три сета, Рубљев и Хачанов стигнаа до 6:4/4:6/7:6(8) победа над Ѓоковиќ и Виктор Троицки за пласман во полуфиналето. Ѓоковиќ и Троицки успеаја да пропуштат три меч-топки во тај-брејкот за да дозволат победата да им избега.
Во другите две четврт-финалиња играат Шпанија-Аргентина, односно Германија-Велика Британија.
(?@DavisCup ) pic.twitter.com/uUQVcgInJF
— doublefault28 (@doublefault28) November 22, 2019