Френк Лампард инсистира дека никогаш нема да го следи примерот на Жозе Мурињо и да биде тренер на Челси и Тотенхем, инсистирајќи дека слободно може новинарите да ја пуштат оваа порака за 10 години.
Ова доаѓа откако Мурињо во 2015 година, како тренер на „сините“, изјави дека никогаш нема да биде тренер на Тотенхем поради навивачите на Челси, за оваа недела да го замени Маурисио Почетино на клупата на клубот од Лондон.
Лампард, кој призна дека му пратил порака на Мурињо по неговото ангажирање, вели дека тој може да го каже тоа и да го повтори ветувањето за 10 години, ако тоа е потребно
„Можам цврсто да кажам не, и можете да ја пуштите истата снимка за 10 години. Тоа нема да се случи. Мурињо работеше во многу клубови и мора да се почитува неговото право за работа. Тоа е негова одлука, а како ќе оценуваат фановите никогаш не можете да знаете“, вели Лампард.
Frank Lampard was asked whether he’d ever consider managing Tottenham, and his answer was as honest as it gets… pic.twitter.com/p2fTO8fWaS
— SPORTbible (@sportbible) November 22, 2019
Токму Лампард беше клучен дел од тимовите на Челси со кои Мурињо освојуваше титули и сега мисли дека под него, Тотенхем ќе се ривали за топ 4 пласман и покрај 14. место во моментов.
„Историјата и резултатите зборуваат сами. Титулите кои ги освои во клубовите со кои работеше не се изненадување. Тој го правеше тоа постојано“, вели Лампард.