Top Sport

Џошуа избра „резервен“ противник – Карлос Такам

Ентони Џошуа ќе ги брани ИБФ и ВБА титулите во тешка категорија против Французинот Карлос Такам, откако бугарскиот боксер Кубрат Пулев се повлече поради скинат мускул.

Мечот ќе се одржи на 28 октомври на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, а веќе се продадоа повеќе од 70.000 билети. Ова ќе биде прв тест на Џошуа откако го нокаутираше Владимир Кличко во Лондон во април.

36-годишниот Такам е роден во Камерун и во кариерата има 35 победи, 3 порази и едно реми во 39 професионални мечеви.

Промотерот на Џошуа, Еди Херн, потврди дека Британецот нема да се предаде од своите појаси и дека ќе боксува со противници кои ќе бидат предложени од федерациите. Целта беше по Пулев да се боксува со Кубанецот Луис Ортиз, првиот предизвикувач за ВБА титулата. Џошуа планира меч за обединување на титулите со ВБЦ шампионот, Американецот Дионтеј Вајлдер следната година.

 

Scroll to Top