Аргентинскиот тениски ас, Хуан Мартин дел Потро се опоравува по тешката повреда на коленото. Иако се очекуваше дека ќе биде подготвен да настапи во Буенос Аирес на егзибициски меч против Роџер Федерер, сепак рехабилитацијата се уште не е завршена.
„Го гледав шоуто од страна, а тоа за мене беше многу болно. Сакав да играм, замислете, да се вратам во мојата Аргентина по повредата и да играм меч против Федерер, тоа е сценарио кое го посакував, но коленото не реагираше добро, ми треба уште време“ – рече Дел Потро.
Неговата замена на овој меч беше Германецот, Александер Зверев. Сепак, Аргентинецот повторно го потенцира сјајниот однос што го има со швајцарскиот тениски ас.
„Секој збор за него е отповеќе, тој е единствен. Роџер е број 1 на теренот, но и надвор од него. Не сум запознал подобар човек и тенисер од него“ вели Дел Потро.
Аргентинецот е познат како тенисер кој е добар пријател и со Новак Ѓоковиќ.