Португалскиот стратег, Жозе Мурињо со победа дебитираше на менаџерската позиција во Тотенхем откако предмалку Спарси со 3-2 нагости славеа кај Вест Хем во 13 коло од Премиерлигата.
Гостите ја имаа иницијативата на мечот, доминираа, а резултат на тоа беа двата погодока во првиот дел кои го трасираа патот кон победа.
Најпрво Сон погоди во 36 минута за 0-1, а потоа истиот фудбалер му асистираше на Моура за зголемување на водството.
Капитенот Хари Кејн во воведните минути од второто полувреме (49 минута) со својот погодок речиси го реши победникот, а „чеканите“ до крајот на мечот единствено успеаја поразот да го направат поднослив.
Антонио во 73 минута намали на 1-3, додека конечните 2-3 беа дело на Огбона во 96 минута.
Мурињо сега го очекува дуелот од Лигата на шампионите против грчки Олимпијакос на кој неговата екипа ќе има можност да си го осигура пласманот во нокаут фазата.