Top Sport

Еурофарм Работник пак загуби со еден гол разлика

Македонскиот претставник во регионалната СЕХА лига, битолски Еурофарм Работник денеска загуби на гостувањето кај Металопластика во Шабац, и тоа повторно со само еден гол разлика, 27:26.

Македонскиот тим имаше моќен старт на мечот, водство од 4-0, по две третини од полувремето беше и +5 за битолската екипа, но на полувремето предоста падна само на +1, 12-11.

Во вториот дел Еурофарм повторно го диктираше темпото, а домаќините првото водство на мечот го имаа во 56 минута, 25-24.

Оттогаш ракометарите на Металопластика заиграа посамоуверено, стигнаа и со 26-24. Еурофарм се врати на егал позиција во последната минута, 26-26, но домаќините до крајот погодија за конечни 27-26.

Најефикасен на мечот беше домашниот ракометар, Милан Милиќ со 9 гола, а кај поразениот тим Вегар го заврши натпреварот со 8 погодоци.

По 7 одиграни кола во групата Б, Еурофарм останува на третата позиција со 3 победи и четири порази. Лидер во групата е Веспрем, а на втората позиција е Мешков Брест.

Scroll to Top