Мајкл „Веном“ Пејџ го предизвика својот стар ривал Даглас Лима на ри-меч, откако во саботата на Лондон Белатор стигна до нов импресивен нокаут во првата рунда, овојпат над Џовани Мелило.
32-годишниот фајтер во велтер категорија го „суреди“ Италијанецот со шокантен нокаут во првата рунда, откако Мелило се пријави како замена по повлекувањето на Дерек Андерсон поради повреда.
Пејџ сега сака ри-меч со Лима, единствениот фајтер кој го победил со нокаут на Белатор 221 во САД во мај.
Michael Page put him too sleep ? (via @BellatorMMA) pic.twitter.com/hkbOWHdvba
— BroBible (@BroBible) November 23, 2019