Top Sport

Џордан: Розберг немаше шанси да освои нова титула покрај Хамилтон

Поранешниот сопственик на Ф1 тим, Еди Џордан смета дека Нико Розберг се пензионирал во 2016 година бидејќи немал шанси да стигне до нова титула покрај Луис Хамилтон.

Розберг во лута битка со својот пријател од детството Хамилтон во 2016 година стигна до светската титула, откако Хамилтон освои две титули во низа по што ги шокираше сите со одлуката да се повлече од спортот.

„Нико е умен човек и затоа реши да се повлече бидејќи немаше да освои уште една титула со Луис во ваква форма. Луис е во своја категорија. Доминира како што ќе посака“, вели Џордан.

Со Валтери Ботас како клупски колега од 2017 година, Хамилтон ги освои трите титули во низа, а Финецот успеа да биде најблиску до него оваа сезона со четири победи, но сепак, многу далеку од титулата.

Scroll to Top