Top Sport

Вардар само до реми во дербито со Шкупи, Шкендија „гази“

Вардар одигра само 1:1 во дербито на 15. коло од Првата лига, но ја заддржа предноста од четири поени пред Академија Пандев, откако струмичани во финишот примија гол за 1:1 реми со Струга, додека Шкендија се доближи на седум поени од лидерот по „демолирањето“ на Ренова со 6:1.

Жуниор ги донесе во водство „црвено-црните“ уште во 15. минута од мечот, но Шкупи успеа да израмни во второто полувреме преку Сенегалецот Умар Гудијаби Дијак.

Во Тетово пак, Шкендија целосно доминираше во градското дерби со Ренова, давајќи им пет гола во второто полувреме за 6:1 победа. Ибраими постигна два гола, а стрелци беа и Имери, Алими, Фазли и Тотре.

ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО

Вардар – Шкупи 1:1

Академија Пандев – Струга 1:1

Борец – Силекс 0:0

Шкендија – Ренова 6:1

Табела:  1.Вардар 31, 2.Академија Пандев 27, 3.Шкендија 24, 4.Силекс 22, 5.Македонија ЃП 21, 6.Шкупи 19, 7.Струга 19, 8.Борец 16, 9.Ренова 15, 10.Работнички 10.

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top