Легендата на Челси, Џон Тери инсистира дека тренинг-режимот на Антонио Конте е „потежок“ од тој на Жозе Мурињо, откако имаше шанса да работи за двајцата исклучителни фудбалски стручњаци.
Италијанецот Конте ги предводеше „сините“ до титула во првата сезона во Премиер лигата и покрај невообичаената 3-4-3 формација. Тери, кој минатото лето замина во својот омилен клуб од детството, Астон Вила во втората англиска лига, вели дека подготовките на Конте се екстремно тешки.
„Воопшто не е тешко да се игра под Конте, но тренинзите се екстремно тешки. Потешки отколку под Мурињо. Физички повеќе бара, повеќе трчање, но тоа е вообичаено кај италијанските тренери. Тактички како играч не е толку важно да се подготвуваш“, вели Тери.
Тој вели дека Италијанецот мора да остане на „Стемфорд Бриџ“ за следната сезона да се покаже дека Манчестер сити не се непобедлив тим.
„Мислам дека во Челси сметаат на Конте како на долгорочен менаџер и бидејќи работев со него, мислам дека е прва класа“, објасни Тери.