Колегите од репрезентацијата на Бразил, Марсело и Нејмар, синоќа се сретнаа во тунелот пред почетокот на натпреварот помеѓу Реал и Пари Сен Жермен.
Марсело беше во почетниот состав на Реал, додека Нејмар мечот го започна од клупата за резерви. Спроред француските медиуми тренерот Томас Тухел на овој начин го казнил Бразилецот бидејќи минатата недела бил во Мадрид да гледа натпревари од Девис купот.
Добрите пријатели додека чекале да излезат на загревањето имале можност да поразговараат, а камерите уловиле интересен дел од разговорот.
„Ти играш подобро од Мбапе“, со овие зборови Марсело му се обратил на Нејмар.
Мбапе е играчот што најмногу сакаат да го видат на „Сантијаго Бернабеу“ челниците на Реал, додека Нејмар минатото лето во некои шпекулации се поврзуваше до „кралскиот клуб“.
Нејмар на теренот влезе во второто полувреме. Натпреварот заврши 2:2, а еден гол за ПСЖ постигна Мбапе.
“You play better than Mbappe”
Marcelo had some interesting words for Neymar at the Bernabeu
?https://t.co/n8AtIxkSIG pic.twitter.com/5HaJ2OSs0b
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) November 27, 2019