Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас без сомнение е најголемото откритие на сезоната во светот на машкиот тенис. Со освојувањето на Завршниот мастерс турнир во Лондон покажа дека неговото време доаѓа.
Тогаш започна и пробата да се открие неговата приватност, па почна да се наѕира и која е неговата девојка.
Британските медиуми сметаат дека Циципас се забавува со 32-та светска тенисерка во моментов, сонародничката Марија Сакари.
Таа е една од тенисерките од која се очекуваат големи работи во иднина, а годинава ја освои и првата титула по победата над Џоана Конта, на финалниот меч во Мароко опен.
Тие двајца се знаат уште од мали, а Марија објасни и како се запознале.
„Мојата и неговата мајка биле тенисерки. Нашите мајки се знаеле уште пред да се омажат. Го знам Стефанос од детство, иако игравме во различни категории. Откако почна да настапува на истите турнири како и јас, го запознав подобро“ – рече Сакари.
Приказната дека грчкиот тенисер е заљубен само ја заскокоткаа јавноста, а тој самиот допринесе за тоа.
„Беше потребно време. Чувството е магично, ти го отвора умот за нешто ново, посебно за мене. Љубовта прави да ги чувствуваш работите и времето да оди побавно“ – рече Циципас.