Одлуката на Златан Ибрахимовиќ да стане делумен сопственик на шведскиот клуб Хамарби не наиде на најдобар прием кај навивачите на неговиот поранешен клуб Малме, кои прво во текот на денот му закачија тоалет на неговата статуа пред стадионот на клубот, пред вечерва да ја запалат.
„Мислам дека тој е вистинско гомно, да бидам искрен. Неодамна кажуваше глупави работи, но го поддржував. Сега ни враќа со купување на Хамарби што е големо предавство за нас. Тој секогаш вели дека не треба да заборавиш од каде доаѓаш, но го направи тоа“, изјави еден навивач за „Јуроњуз“.
@ZStaty Varmt? pic.twitter.com/hzJ332C8RZ
— Max Åkerberg (@AkerbergMax) November 27, 2019
Малме му го врти грбот на Златан откако тој стана ко-сопственик на Хамарби