Top Sport

ЛШ: Меси со рекорд во својот 700. меч за Барса, Мартинез и Лукаку ги „кренаа“ Интер (видео)

Лионел Меси го одбележа својот јубилеен 700. меч во дресот на Барса со стил, поставувајќи нов рекорд во Лигата на шампионите со гол и две асистенции при 3:1 победата над Борусија Дортмунд за обезбедување на првото место во тешката група со Дортмунд и Интер.

Дортмунд станаа 34. тим во Лигата на шампионите кому Меси му дал гол, со што го помина достигнувањето на Раул и на Кристијано Роналдо, кои остануваат на 33. Меси не успеа да даде гол на првиот меч во Дортмунд, кој заврши 0:0.

Меси прво во 29. минута го проигра Луис Суарез за водство на Каталонците, за четири минути подоцна Уругваецот да ја врати „услугата“ и Аргентинецот да го постигне својот втор гол во ЛШ оваа сезона. Во второто полувреме, во 67. минута Меси му асистираше на Антоан Гризман за 3:0, пред гостите да постигнат утешен гол преку Џејден Санчо во 77. минута.

Интер пак, во истата група Ф, се намачи пред да „експлодира“ во финишот и да дојде до 4:1 победа на гостувањето кај Славија Прага, за да остане во трка за второто место на табелата. Лаутаро Мартинез ги донесе „нераѕурите“ во водство во 19. минута, но Славија израмни со гол од пенал во 37. минута. Ромелу Лукаку го „скрши“ отпорот на домаќините во 81. минута, за седум минути подоцна Мартинез да даде уште еден гол. Лукаку не застана тука, и во 93. минута ги постави конечните 1:4.

Во последното коло, Интер ќе мора да ја победи Барселона дома за сигурен пласман, бидејќи се израмнети по бројот на поени со Борусија, кои ја пречекуваат Славија.

Носителот на титулата, Ливерпул одигра 1:1 со тимот во криза, Наполи, откако прво Дрис Мертенс во 21. минута го шокираше „Енфилд“ и не го прославуваше многу својот гол по сите проблеми со казните и со „бунтот“ на играчите на Наполи. Ливерпул, успеа да стигне до израмнување во 65. минута, кога Дејан Ловрен се запиша во листата на стрелците.

ГРУПА Е

Ливерпул – Наполи 1:1

Генк – Салцбург 1:4

Табела: 1.Ливерпул 10, 2.Наполи 9, 3.Салцбург 7, 4.Генк 1

ГРУПА Ф

Барселона – Борусија Дортмунд 3:1

Славија Прага – Интер 1:3

Табела: 1.Барселона 11, 2.Интер 7, 3.Борусија Д. 7, 4.Славија П. 3

ГРУПА Г

Зенит – Лион 2:0

РБ Лајпциг – Бенфика 2:2

Табела: 1.Лајпциг 10, 2.Зенит 7, 3.Лион 7, 4.Бенфика 4

ГРУПА Х

Валенсија – Челси 2:2

Лил – Ајакс 0:2

Табела: 1.Ајакс 10, 2.Валенсија 8, 3.Челси 8, 4.Лил 1

БАРСЕЛОНА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД

СЛАВИЈА П.-ИНТЕР

ЛИВЕРПУЛ – НАПОЛИ

ЛИЛ – АЈАКС

ЛАЈПЦИГ – БЕНФИКА

Scroll to Top