Top Sport

Стратегијата на Мурињо: Продава шестмина за да купи еден играч

Жозе Мурињо наредното лето планира во тимот да донесе уште една, можеби и две големи ѕвезди.

Португалецот има едноставен план како да дојде до пари за да плати 100 милиони евра за само еден играч.

Шестмина ќе заминат од Манчестер јунајтед, а од нивните трансфери клубот планира да заработи околу 100 милиони евра.

Во јуни, а доколку за некој од овие шестмина стигне понуда, во јануари ќе може да заминат. Станува збор за Матео Дармијан, Лук Шо, Дејли Блинд, Аксел Туанзебе, Хенрик Мхитаријан и Џејмс Вилсон.

Мурињо се надева дека поради добрата соработка што ја имаше со Месут Езил во Реал, ќе придонесе германскиот репрезентативец да го избере Јунајтед. Договорот на Езил со Арсенал истекува по завршувањето на сезоната, што значи дека „црвените ѓаволи“ може да го добијат бесплатно.

Доколку се случи тоа, 100 милиони евра Мурињо планира да потроши на Герет Бјел или Антона Гризман.

Scroll to Top