Фудбалерите на Партизан, синоќа на неверојатен начин ја испуштија предноста од два гола во дуелот со АЗ Алкмар. Белградскиот тим до 88 минута имаше чиста ситуација за пласман во нокаут-рундата во Лига Европа. Црно-белите имаа предност од два гола и човек повеќе на теренот. Пет минути подоцна на семафорот стоеше 2:2.
АЗ Алкмар заедно со Манчестер Јунајтед од оваа група ќе продолжат во елиминациската фаза. Партизан долго ќе жалат за промашените шанси на стадионот во Хаг.
Инаку и првиот првиот меч во Белград заврши 2.2 и тогаш АЗ играа со играч помалку. Со десетмина тие постигнаа еден од двата гола.
Од овие два натпревари неверојатно звучи статистиката. АЗ Алкмар во двата натпревари упатиле четири удари во рамките на голот и постигнале четири гола.
Од друга страна играчите на Партизан во Белград упатиле 20 удари кон голот (седум во рамките на голот). Слична статистика имаа си синоќа.
Вината за неуспехот ја прифатил тренерот Саво Милошевиќ. Смета дека направил лоши измени.
„Влеговме во конфузија во последните десет минути. Направив лоши измени. Се покажа дека играчите што влегоа не беа вистински решенија. Одговорноста за ова е моја“, рекол по натпреварот Милошевиќ.