Top Sport

Голот на Лазаров со кој Нант победија кај Шамбери (Видео)

Легендата на светскиот ракомет Кирил Лазаров синоќа му ја донесе победата на Нант во дуелот со Шамбери.

Капитенот на македонската репрезентација погоди од девет метри. Неговиот шут не успеа да го задржи ниту „живиот ѕид“, ниту пак голманот на Шамбери.

Нант кај Шамбери победија 29:28, а Лазаров со шест гола беше најефикасен во својот тим.

Scroll to Top