Top Sport

„Да не бев Македонец ќе бев петтата ѕвезда на Црвена ѕвезда“

Милко Ѓуровски пред 30 години направи сензационален трансфер од Црвена ѕвезда во Партизан. Во разговор за „Недељник“ тој открил некои непознати детали околу тој трансфер.

Позната е приказната дека Милко решил да ја напушти Црвена ѕвезда бидејќи не добил стан од клубот, додека станбеното прашање клубот им го решил на некои помалку познати играчи.

„Можеби сакаат да ме пуштат во Партизан. Зошто по Пижон клубот ја немаше својата петта ѕвезда? Можеби покрај неме не можеа да ја донесат? Ѕвезда е српски клуб. н може Македонец да биде петтата ѕвезда на Црвена ѕвезда. По Пижон имаше вакуум, јас заминав во Партизан, а во Ѕвезда доаѓа Пикси“, рекол Ѓуровски.

Тој открил дека 15 дена пред да го потпише договорот со Партизан се криел во чешката престолнина, Прага.

„Заминав да отворам сметка во банка, парите требаа да ми ги исплата во Германија. Чекав да започне преодниот рок. Во Паризан се плашеа дека ќе останам во Ѕвезда. Заминав во Прага за да бидам подалеку од Белград. Да отворам сметка, да ми ги дадат парите и да потпишам за Партизан. Но тоа беше времето на Шајбер. Со одолжи преодниот рок, поради што дополнително време минав во ловиштето на Тито кај Осијек. Потоа се вратив во Белград, бев да се поздравам со Џајиќ и Цветковиќ. Тука беше и секретарката Дара Зец, ѝ реков дека сум дошол да се поздравам, а Цветковиќ ми рече: ‘Ајде да се договориме. Ќе ти дадеме дупло… ама лажни пари’. Кога излегував Дара плачеше. Луѓето од Партизан не можеа да ме најдат, а јас само реков заминувам од Ѕвезда. Беше оној натпревар Ѕвезда-Хајдук кога на крајот го фрлив дресот на северната трибина…“, рекол меѓу другото Милко Ѓуровски.

Во кариерата тој одиграл 115 натпревари и постигнал 54 голови за Црвена ѕвезда, додека за Партизан постигнал 30 голови на 78 одиграни натпревари.

Scroll to Top