Top Sport

Расплаканиот Синиша: Четири тешки месеци се зад мене (Видео)

Синиша Михајловиќ, во петокот, по прв пат откако објави дека му е дијагностицирана леукемија им се обрати на медиумите. На емотивната прес-конференција покрај Михајловиќ на медиумите им се обратил и директорот на хематолошкото одделение на болницата во Болоња, Микеле Калво.

„Зад мене се четири тешки месеци. Бев на Институтот каде примав хемотерапии, го истуркат тоа благодарение на мојот силен карактер. Во такви моменти е потребна голема ментална снага, која ја добивав и од стручњаците во Инсистутот. Сите ми се посветија максимално. Доколку не беа тие луѓе сега немаше да седам тука пред вас. И благодарам и на мојата сопруга Адријана која заедно со мене го мина овој тежок период“, рекол Михајловиќ, кој додека им се заблагодарувал на докторите не можел да ги задржи солзите.

„Се извинувам што плачам. Ме преплавија емоциите“.

На пресот биле и сите играчи на Болоња. Нивното присуство Михајловиќ го искористил за да се пошегува на нивна сметка.

„Ви благодарам на сите. А вие момци, па вие треба да бидете на теренот и да тренирате, но се ќе направие за да не тренирате“.

Болоња по 13 рунди се наоѓа на 15 место во Серија А со 13 поени. В недела екипата на Михајловиќ ќе гостува кај Наполи.

Conferenza stampa S. Mihajlovic

Posted by Bologna Fc 1909 on Петок, 29 ноември 2019

Scroll to Top