Шкендија двапати загуби од Милан во квалификациите за Лигата на Европа оваа есен, но тоа не пречеше тетовскиот прволигаш да им прати порака на седумкратните европски шампиони со потсетување дека во моментот тие се „најуспешните росонери“.
Милан не успеа да ја најде формата и покрај ангажманот на Џенаро Гатузо, а кризата доживеа кулминација со 3:0 поразот во текот на викендот од слабата Верона.
„Постојано го следиме вашиот прогрес, бидејќи пријателите не треба да се заборават, а во овој момент резултатите велат дека ние сме најуспешните ‘росонери’. Сепак, потсетете се, формата е привремена, класата е постојана. Затоа, Форца амичи“, стои на официјалниот Фејсбук акаунт на Шкендија.