Top Sport

Братот на Меси пуштен на слобода со кауција од 100.000 долари

Матијас Меси, постариот брат на ѕвездата на Барселона и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, беше пуштен од затвор во татковината откако плати кауција од 100.000 долари.

Полицијата пронајде оружје на неговиот брод, откако тој самиот побарал помош од крајбрежната стража. На бродот имало и крв, а постариот Меси се правдал дека се исекол при несреќа.

Судијата во Росарио, Хуан Донола реши да го ослободи Меси, кој беше во домашен притвор, откако платил 2 милиони пезоси, објави аргентинската новинска агенција „Телам“.

„Докажавме дека Матијас Меси не е опасна личност и тоа го сфатија и обвинителите и судијата“, вели Игнасио Карбоне, адвокатот на братот на Меси.

35-годишниот Матијас сега не смее да ја напушти Аргентина и секои 15 дена треба да се пријавува во судот додека не заврши случајот.

Ова не е првпат Матијас Меси да има проблеми со законот – во октомври 2015 година беше задржан од граничната полиција, која конфискуваше нерегистрирано оружје кај него.

Аргентинската полиција трага по братот на Меси

Scroll to Top