Top Sport

Аргентинската полиција трага по братот на Меси

Постариот брат на фудбалската ѕвезда Лионел Меси, Матијас, во Аргентина се бара со потерница.Матијас Меси со својот брод се насукал во песок па побарал помош од крајбрежната стража.

Додека барал помош на од крајбрежната стража рекол дека во несреќата се пресекол и поради тоа на бродот има крв. Кога полицијата пристигнала на бродот пронашла пиштол, а братот на Меси исчезнал.

Полицијата се уште трага по Матијас Меси.

Ова ене прв пат Матијас да има проблеми со законот. Минатата година предизвика сообраќајна несреќа, а во неговиот автомобил бил пронајден пиштол. Поради тоа една недела мораше да помине на општествено корисна работа, да се откаже од алкохолот и дрогите и да плати казна од 470 евра.

Поради поседување на огнено оружје тој прв пат е уапсен во 2008 година, а три години подоцна преживеа обид за убиство.

Scroll to Top