Ерата на Луис Суарез во Барселона се ближи кон крајот. Уругваецот на „Ноу Камп“ пристигнал од Ливерпул во 2014 година. На досега одиграните 262 натпревари постигнал 182 гола.
Луис Суарез во јануари ќе наполни 33 години и јасно му е дека неговото време изминува. Во едно интервју тој открил имиња на тројца на паѓачи за кои смета дека би можеле да го заменат.
„Еден е Абрахам. Тој е број 9 во Челси. Ми делува како добар напаѓач. Многу е млад, има добри движења и во завршницата е добар. Ми се допаѓа и Макси Гомез. Не го велам ова бидејќи тој е Уругваец. Има многу квалитети. А тука е и Лутаро Мартинез кој исто така има фантастичен ниво во играта“, рекол Луис Суарез.