Тогоанскиот ветеран, Емануел Адебајор го напушти турскиот клуб Кајсериспор по само три месеци, по 4:1 поразот од Бешикташ во понеделникот.
35-годишниот Адебајор претходно играше во турскиот Истанбул Башакшехир од 2017 година, а сега ги информирал првите луѓе на Кајсери дека не планира да го исполни договорот на една година. Адебајор одигра само осум натпревари за Кајсери, постигнувајќи само два гола.
„Жал ми е што морам да кажам, но ова ми беше последен натпревар за Кајсериспор. Трите месеци тука беа убав период за мене, но ова е многу важна одлука во мојот живот“, изјави Адебајор.