Валенсија ќе го откупи договорот на талентираниот Португалецот Гонзало Гуедеш (21), кој сезонава како позајмен играч од ПСЖ простигна на „Местаља“.
Како што пишува „Мундо депортиво“, Валенсија на ПСЖ за крилниот напаѓач ќе и плати 35 милиони евра.
Гуедеш во ПСЖ пристигна од Бенфика на почетокот на годината, но откако во пролетниот дел од сезоната имаше епизодна улога, клубот и ги позајми на Валенсија со право на откуп.
Формата и настапите во првиот дел од сезоната во Ла Лига, каде Валенсија се наоѓа на третото место, ги натераа челниците на клубот од „Местаља“ да ја платат бараната сума од 35 милиони евра. Формалностите ќе бидат завршени на почеткот на наредниот месец, кога и официјално ќе стартува зимскиот преоден рок.
ПСЖ мора да го продаде Гедеш за да го испочитува финансискиот ферплеј на УЕФА, односно да ги избалансира приходите од продажбите на фудбалери со сумата која летово ја вложи во нови играчи.