УЕФА во најавата за второто издание на Лигата на нации, во кое Македонија ќе во третата група по квалитет (Ц), потврди дека преку ова натпреварување ќе биде можно да се стигне и до место на Светското првенство во 2022 година.
55-те европски репрезентации ќе се борат за 13 места на СП во Катар и ќе бидат поделени во 10 квалификациски групи (5 групи по 5 репрезентации и 5 групи со 6 репрезентации). Десетте победници на групите ќе одат директно на СП, додека второпласираните репрезентации одат во бараж, заедно со две репрезентации кои ќе можат да изборат бараж преку Лигата на нации во 2020 и 2021.
Тие 12 репрезентации во баражот ќе се поделат на три „патишта“, и на секој од нив ќе има едно полуфинале и едно финале. Победниците во финалињата ќе одат на СП и така ќе се пополнат преостанатите три места.
За претходното СП во Русија минатата година имаше 9 групи – победниците одеа директно, а осумте најдобровторопласирани играа бараж.
Македонија по освојувањето на својата група во Д-лигата, во следното издание ќе игра во поквалитетната Ц-лига, каде што има значително посилни репрезентации.