Насловната страна на најпознатиот италијански спортски весник „Кориере дело Спорт“ предизвика расистички скандал на Апенинскиот полуостров. Весникот со ликовите на Ромелу Лукаку и Крис Смолинг го најавува утрешното дерби помеѓу Рома и Интер.
Она што е спорно и што што предизвика лавина од негативни реакции е насловот. Со големи букви на насловната страна пишува: „Црн петок“.
Во поднасловот „Кориере дело Спорт“ пишува: „По доаѓањето од Манчестер Јунајтед станаа важни играчи во своите екипи и зазедоа став во борбата против расисмот“.
Од весникот се правдаат дека замислата им била преку ваква насловна страна да ја поттикнат борбата против расизсмот.
Намерата на „Кориере дело Спорт“ можеби е чесна но е изведена очајно, со лоша шега на сметка на оние кои поради својата боја на кожата се жертви на навреди.