Top Sport

Иџе заборавен од Агенцијата за млади и спорт

Најдобриот македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски не е задоволен од односот што кон него во 2019 година го имале од Агенцијата за млади и спорт (АМС). Иџе во соопштението објавено на неговиот профил на „Фејсбук“ вели пишува дека „бил заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти“.

Иџе е разочаран што тој годинава немал никаква институционална поддршка. Тој не добил ниту денар од државата. Пишува дека АМС е пречката за постигнување на врвни спортски резултати.

„Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид, но со ваквите неспортски потези Агенцијата за млади и спорт (АМС) не заслужува спортска промоција во иднина од моја страна.

Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави“.

Она што му недостига на Иџе е поддршката од државата. Во 2019 година тој не добил ниту денари од државата.

„Во услови кога ја имам најголемата поддршка од мојот народ, отсуствува институционалната поддршка. Несвојствено е како најтрофејниот македонски автомобилист од вкупно ????милиони денари кои се доделени на Автомобилистичка федерација за 2019 година да добие 0 (нула) денари од редовните буџетски средства и од средствата од Игрите на среќа…!!!
Секојдневно добивам безброј пораки од моите македонски фанови со прашањето: Зошто не се натпреварував во европскиот шампионат и дали ќе може да ме гледаат и наредната сезона на најпознатите европски трки каде пред две години бев претендент за титула?
Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти“, стои во соопштението на Игор Иџе Стефановски.

За односот на на АМС кон него и неговиот тим Иџе најави дека наскоро ќе зборува на прес-конференција.

фото/facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Scroll to Top