Top Sport

Јокиќ сакал физички да се пресмета со Морис (Видео)

Центарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ во текот на натпреварот со Њујорк Никс се обидел физички да се пресмета со Маркус Морис.

Инцидентот се случил на почетокот на натпреварот на истекот на четвртата минута. Јокиќ се борел за позиција кога Морис се обидел да го удри.

Јокиќ не избегал од „пресметката“, но поголем инцидент спречиле останатите играчи.

Инаку Денвер лесно победија во Њујорк 129:92. Она што ги загрижува сите во Денвер е лошата форма на Јокиќ од почетокот на сезоната. Србинот против Њујорк забележа шест поени, десет скока и осум асистенции.

Scroll to Top