Top Sport

Четири децении Арсенал не биле толку лоши

Ниту шок терапијата со промената на тренерот не ја смени ситуацијата во Арсенал. „Топџиите“ синоќа добија нова шлаканица во Премиер лигата. Привремениот тренер Фреди Љунберг не успеа да извлече поволен резултат на дебито пред домашната публика.

Брајтон одиграа исклучително квалитетен меч во Лондон и заслужено победија 2:1. Светла точка кај Арсенал беше само голманот Бернд Лено, кој ги спречи играчите на Брајтон во првото полувреме да го решат победникот.

Арсенал немаат победа на последните седум натпревари во Премиер лигата, односно без триумф се на последните девет натпревари во сите натпреварувања. Последен пат Арсенал забележале победа на 24 октомври, кога во Лига Европа славеле со 3:2 над Виторија Гимараеш.

Само еднаш низ историјата Арсенал имале толку лоша низа на резултати. Во еден период во 1977 година Арсенал немале победа на десет натпревари во низа.

Како тргнале оваа сезона ќе постават нов негативен рекорд.

Пред Арсенал во наредното коло е дуелот со Вест Хем. Натпреварот се игра в понеделник.

Scroll to Top