Големата конкуренција која владее во редот за врска во Барселона го натера младиот Карлос Алења да замине од „Ноу Камп“.
Шпанските медиуми тврдат дека 21 годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во екипата на Хетафе.
Пред неколку дена претседателот на овој клуб Анхел Торес рекол дека ќе се обиде да го донесе на позајмица Алења. Тој не раговарал со фудбалерот туку имал контакти со челниците на Барселона.
Шпанските медиуми тврдат дека Алења во јануари ќе го засили тимот на Хетафе.
Во трката за услугите на овој играч клубот од „Алфонсо Перез“ стадионот ги победил Селта, Бетис и Гранада од Ла Лига, односно Тотенхем и Арсенал од Премиер лигата.
Алења минатата сезона стекна целосна афирмација кога одигра 27 натпревари за Барселона, меѓутоа оваа сезона тој најчесто мечевите на Барса ги следи од трибините.