Дресот во кој легендарниот Пеле го одиграл последниот натпревар за Бразил на аукција во Торино бил продаден за 30.000 евра. Последен пат во дресот на „криоките“ Пеле настапил во јули 1971 година, на пријателскиот меч помеѓу Бразил и Југославија.
Меѓу другите спортски предмети што биле продадени на аукцијата за 25.000 евра била продадена жолтата маичка која ја носел Фаусто Цопи на Тур д’Франс во 1952 година.
Синиот дрес на Јувентус во кој Лучано Спиноси го играл финалето на Купот на саемските градови во 1971 година достигнал цена од 9.400 евра. За сума од 7.500 евра била продадена „десетката“ на Диего Марадона од Наполи во сезоната 1989/1990.