Top Sport

Партнерот во двојки на Федерер обвинет за силување тенисерка

Шокантни информации доаѓаат од Швајцарија. Ив Алегро (41), поранешниот партнерот во двојки на Роџер Федерер и негов близок пријател е обвинет за силување.

Нему на товар му се става дека во октомври 2014 година, во Естонија силувал австриска тенисерка која засега не го открива идентитетот. Тогаш Алегро беше вклучен како тренер во Тенискиот сојуз на Швајцарија.

Информациите се дека тенисерката изјавила дека Алегро ја приморал на секс, а медицинските извештаи делумно ги потврдиле ваквите навод затоа што постоеле повреди како модринки и гребаници. Наводите се дека Алегро, при чинот бил видно во алкохолизирана состојба.

Од неговата правна служба демантираат дека е виновен.

„Ќе бараме ослободување од сите обвиненија. Ив Алегро негира било каква одговорност и смирено го чека судењето закажано за 9 декември“ – порачаа од неговиот тим.

Федерер и Алегро често играа заедно и притоа освоија титула во Виена во 2003 година и во Хале во 2005. Неговиот најдобар ранг во кариерата беше 32 позиција во конкуренција на двојки.

Scroll to Top