Top Sport

Милијардерот Куке го купи Андерлехт

Белгискиот фармацевтски милионер, Марк Куке, го купи тимот на Андерлехт од група на инвеститори, потврди најпознатиот белгиски тим.

Андерлехт, кој е основан во 1908 година, а во 1970-тите години освојуваше и европски титули, подолго време беше во сопственост на група инвеститори предводени од семејството Ванден Сток. Иако сумата не е објавена, белгиските медиуми тврдат дека се работи за околу 100 милиони евра.

„Со големо задоволство гледам на времето кога мојот татко и моето семејство беа сопственици на тимот, но време е да се предаде палката на друг, за РСЦ Андерлехт да остане РСЦ Андерлехт“, изјави претседателот Роџер Ванден Сток.

Коуке е основач на медицинската групација „Омега фарма“, која ја продаде на „Периго“ во 2014 година за 3.6 милијарди евра. Тој исто така е сопственик на КВ Остенде, поседуваше акции во францускиот клуб Лил, а беше спонзор и на велосипедскиот тим „Квик Степ“.

„Ле мовс“, името по кое се познати Андерлехт поради пурпурно-белата комбинација на дресовите, оваа сезона играа во Лигата на шампионите, но не победија во ниту еден натпревар. Во Белгија тие се на третото место со 13 поени помалку од лидерите Бриж, од кои загубија со 5:0 во неделата.

Scroll to Top