Торино со малку среќа и со многу помош на голманот Вања Милинковиќ-Савиќ, кој го одбрани пеналот на Един Џеко, успеа да стигне до четврт-финалето на Копа Италија, откако со 2:1 ја победи Рома на „Олимпико“.
„Граната“ имаа одличен старт со неколку обиди на Нианг и Белоти, по што Стефан ел Шарави имаше најдобра шанса за водстов. Наместо притисокот да се претвори во гол, Торино стигна до водство преку Лоренцо де Силвестри.
Рома повторно повеќе напаѓаше, но Милинковиќ-Савиќ, помладиот брат на играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј, блескаше на голот. „Торо“ го зголеми водството преку Едера во 72. минута.
Само пет минути подоцна, Един Џеко имаше шанса да „врати“ за Рома, но Милинковиќ-Савиќ му го одбрани пеналот. Рома до крајот на мечот успеа само да намали на 2:1 преку Шик.
Торино во четврт-финалето ќе игра со подобриот од дуелот Јувентус-Џенова.